ПОДДРШКА

Препознавање знаци на мозочен удар и реагирај ИТНО!

Мозочниот удар е состојба на акутна исхемија на централниот нервен систем, која настанува заради  прекин на циркулација. Овој прекин на кислород до мозокот води кон изумирање на мозочните клетки. Дури 90% од ударите се случуваат поради згрутчување на крвта. Знаци и симптоми се следниве: 

  1. Отежнат говор и отежната перцепција на околината.
  2. Парализа или слабост на лицето, рацете или нозете, најчесто само на едната страна од телото.
  3. Редуциран вид или темни точки на едното или обете очи
  4. Главоболка – нагла силна, која често е проследена со повраќање и вртоглавица
  5. Губиток на координација на одење или нагла слабост. 

За афазија

Според NIDCD, во Соединетите Американски Држави има 180.000 нови случаи на афазија годишно. Според истата статистика околу една третина од мозочните удари резултираат со афазија. Мозочниот удар е водечка причина за оваа кондиција.

Од национално истражување за свесност за афазија во САД од 2016 година, можеме да дознаеме дека 84.5% од луѓето никогаш не го слушнале терминот афазија, и 31% од луѓето се согласуваат со изјавата “Ако некое лице има потешкотии со говорот, има интелектуални недостатоци”.

Препораки за комуникација со лица со афазија

Најбитно за помнење е тоа дека афазијата не придонесува кон интелектуални недостатоци, само проблеми при изразување. Вклучувањето на семејството е клучна компонента на третманот на афазија бидејќи им овозможува на членовите на семејството да го научат најдобриот начин за комуникација со својата личност. Членовите на семејството се охрабруваат да: 

  1. Поедноставете го јазикот користејќи кратки, некомплицирани реченици.
  2. Повторете ги зборовите од содржината  за да го разјасните значењето по потреба.
  3. Одржувајте природен начин на разговор соодветен за возрасен.
  4. Вклучете го лицето со афазија во разговорите.
  5. Поттикнете секаков вид на комуникација, без разлика дали тоа е говор, гест, покажување или цртање.