Познати личности кои се соочуваат со афазија

Прочитајте доле за две ѕвезди кои отворено ја раскажуваат својата борба со афазија!

Шерон Стоун во својот дом во 2001 година, на 43 годишна возраст, колабирала поради аневризма на мозокот и доживеала последователно церебрално крварење кое траело девет дена. Кога Стоун била отпуштена од болница, таа ја изгубила способноста за читање и развила проблеми со говорот. “Станав емотивно поинтелигентна” изјави Стоун за ABC News. “Избрав да работам многу напорно за да ги отворам другите делови од својот ум. Сега сум посилна”. Таа жестоко се бори за поддигање на свеста за мозочниот удар, како и организатор на настани за Иницијатива за женското здравје на мозокот.

Откако добитникот на Греми, country ѕвездата Ренди Травис, бил хоспитализиран поради вирусна кардиопатија, тој доживеал мозочен удар во 2013 година. Набргу потоа, тој ја изгубил способноста да зборува и да го разбира јазикот. Својата борба со афазија ја опишал во мемоарите од 2019 година; ,,Засекогаш амин: Мемоари на музиката, верата и храбрите бури на животот”. Тој кажува: ,, Во мојот случај, мојот мозок функционираше и можев да разберам што ми зборуваше Мери (сопругата на Тревис), но не можев да одговорам со ништо блиску до реченица. Кога првпат се вративме дома, едвај зборував, поминавме три месеци на логопед пред да научам да ја кажувам буквата ,,А”. Сето ова беше крајно фрустрирачки за мене, се чувствував како да сум заробен во своето тело”. Во септември 2019 година, Тревис го објави своето враќање на изведување музика и последователно објави книга со мемоари.

Leave A Comment