Мозочниот удар е состојба на акутна исхемија на централниот нервен систем, која настанува заради прекин на циркулација. Овој прекин на кислород до мозокот води кон изумирање на мозочните клетки. Дури 90% од ударите се случуваат поради згрутчување на крвта. Знаци и симптоми се следниве:
Според NIDCD, во Соединетите Американски Држави има 180.000 нови случаи на афазија годишно. Според истата статистика околу една третина од мозочните удари резултираат со афазија. Мозочниот удар е водечка причина за оваа кондиција.
Од национално истражување за свесност за афазија во САД од 2016 година, можеме да дознаеме дека 84.5% од луѓето никогаш не го слушнале терминот афазија, и 31% од луѓето се согласуваат со изјавата “Ако некое лице има потешкотии со говорот, има интелектуални недостатоци”.
Најбитно за помнење е тоа дека афазијата не придонесува кон интелектуални недостатоци, само проблеми при изразување. Вклучувањето на семејството е клучна компонента на третманот на афазија бидејќи им овозможува на членовите на семејството да го научат најдобриот начин за комуникација со својата личност. Членовите на семејството се охрабруваат да: