
Интервју со логопед – често поставувани прашања за афазија
- Eva Mileva
- 25/04/2023
- Blog, News, Social
Во склоп на проектот ХОУП, стапивме во контакт со логопед кој може да ни ги одговори најчесто поставуваните прашања.
Прочитајте доле за да дознаеме повеќе.
- За почеток, како искусен логопед, дали може да ни објасните повеќе
за афазија – кои се првите симптоми, како се утврдува и кои може
да ги зафати?
-Афазијата е состојба што може да ги зафати сите луге без разлика на
години, претходни заболувања, професија што ја извршуваат и слично.
Симптоматолигијата е различна и зависна од многу фактори, но општо
познато кај сите е слабост на десната страна, неразбирлив говор, силна
главоболка и др. Се утврдува со преглед од страна на лекар и
времето од првите појавени симптоми, до моментот на носење на
лекари се од битно значење за животот на пациентот. - Како изгледа еден пациент кој има афазија, односно кои се
карактеристиките на кондицијата?
-Неразбирлив говор, слаба моторика посебно на десната страна и општа
слаба здраствена состојба. - Кој би бил третманот на еден пациент, колку долго трае и од што
зависи исходот на успех?
-При првиот логопедски третман е проверува моменталната говорна
состојба, состојбата на орофацијалниот апарат, латерализацијата, шемата на
тело, просторна организираност во микро и макро средина и др. Говорните
вежби се индивудуални и зависат од горенаведените
фактори. Логопедските вежби започнуваат со плозивите ,кратки
зборови, прости реченици па се до одговор на поставени прашања и
конверзација со познати и непознати лица. - Бидејќи нема точна статистика за афазија во Р. Северна Македонија,
според вас кај кој се јавува, колку е честотата и колкава е бројката? Точна бројка не се позната , но за жал многу е поместена старосната
граница кај лица што имаат Афазија. За жал се почести се
млади, работоспособи луге на кои животот од темел им се менува. - За крај, која е вашата препорака за пациенти со афазија и која е
препораката за лицата кои живеат со овие пациенти?
Позитивната мисла, упорноста во рехабилитацијата и дружењето со
драги луге е успех за добар живот на овие лица. А средината треба да
има поголемо трпение, внимание и прифаќање на лицата се со цел
полесно да се вратат во нормалниот живот и секојдневните обврски.