
Животот е чудо! По мозочниот удар адвокатката Мирјана Марковска продолжува со истата страст во нови победи
- Eva Mileva
- 22/06/2023
- Blog, News, Social
„На многумина не им е познат терминот афазија иако, со жалење констатирам дека во последно време сè повеќе се соочуваме со истиот. Најкратко, Афазија е стекнато комуникациско нарушување кое ја нарушува способноста на лицето да говори, но не влијае на интелигенцијата. Афазијата ја нарушува способноста за говорење, читање, пишување или разбирање на другите“, објаснува Мирјана.
„Немам друг избор освен да се соочам со тоа што се случи и да сторам сè
за да го надминам и да излезам како победник. Тоа сум јас. Тоа му го должам на моето семејство и на сите кои ме знаат како најголем мотиватор и борец. ХОУП е круна на мојата битка. Поради тоа поддржете ја и ширете ја масовно мисијата на ХОУП, за превенција и заштита на здравјето. Активирајте се и придружете ни се“, порачува Мирјана.
Вели дека тоа што ѝ се случило било ненадејно и сосем неочекувано.
Прочитајте повеќе на следниот линк –